Поврзете се со нас

Свет

Ветеранот Рамос се подготвува за преселба во МЛС лигата

Објавено

на

Фото:twitter.com/SevillaFC_ENG

Серхио Рамос во месец март го прослави 38 роденден, но дефанзивецот се уште не размислува за заминување во пензија.

Тој комплетната негова кариера ја мина во Европа играјќи за Севилја, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, ама во финишот на патувањето може да се пресели на друг континент.

Имено на дефанзивецот му завршува договорот со Севилја на крајот на сезоната и истиот како што стојат работите нема да биде продолжен, па ова сака да го искористи МЛС составот, Сан Диего.

Се работи за нов клуб кој ќе дебитира во 2025 година и во Рамос гледаат ѕвезда која може да им помогне да растат, напредуваат.

Сан Диего работи на случајот со тоа што во исто време сака да го доведе и поранешниот соиграч на Елиф Елмас од Наполи, Ирвинг Лозано.

Тој сега е дел од ПСВ, но со добра понуда може да биде убеден да се пресели во новиот амбициозен проект.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни