Поврзете се со нас

АТП

Надал за повредата која му ја променила кариерата: Ми донесе други физички проблеми, но ми помогна да ценам се што имам

Објавено

на

Foto:twitter.com/bcnopenbs

Рафаел Надал како што стојат работите ги игра последните месеци од својата импресивна тениска кариера во која освои се што можеше.

Шпанецот низ целата своја кариера се соочува со одредени повреди, проблеми и многумина си го поставуваат прашањето зошто воопшто се мачи во оваа фаза, но љубовта кон спортот, тенисот е преголема и Надал прави се што може да биде конкурентен.

Работите не се како што сака и очекува да биде и тоа го потврди дуелот со Хуберт Хркач во Рим каде беше разбиен во два сета, настап кој дефинитивно го натера големиот грен слем шампион да размислува дали да настапи на Ролан Гарос.

-Не сакам да играм на Ролан Гарос, ако треба да одам со претпазливост и без можност да вложам максимум, како што беше случајот во Барселона и Мадрид. Тоа е посебен турнир во мојата кариера, со толку многу сентиментална вредност. Ќе биде тешко ако не сум таму. Ќе играм само ако се чувствувам конкурентен, само ако можам да дадам 100 проценти, -вели Надал кој е отворен за настап на ЛОИ во Париз.

-Има работи што можете да ги доживеете само на ОИ, тоа е суштината на спортот. Оваа година тие се многу посебни бидејќи се во Париз. Би бил возбуден, би ме направил среќен, -истакна Шпанецот кој проговори за повредата која му ја променила кариерата.

-Имав сериозна повреда на 19 години со која имаше многу опции, дури и да не ја продолжам кариерата на професионален план. Целата моја кариера ја искомплицира со други физички проблеми, но ми помогна да ценам се што имам. Малку сум срамежлив и ги носам своите емоции во себе, но многу сум им благодарен на сите кои ми дозволија да доживеам толку многу работи низ годините, порача бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни