Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ги издвои тројцата играчи на Реал кои најмногу го изненадиле оваа сезона: Имаше и такви кои не добија доволно шанси

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти имаше свое шоу за време на шампионската парада на Реал Мадрид и ги воодушеви навивачите на „кралскиот клуб“, но веќе денеска се врати во Валдебебас за да си ја извршува својата секојдневна работа како тренер.

Во моменти кога сите полека го исчекуваат големото финале во Лигата на шампионите, Карлето полека може да прави и резиме на сезоната која ја имаше Реал во домашното првенство, а говорејќи за официјалниот канал на Реал, искусниот Италијанец ги именуваше тројцата играчи кои најмногу го изненадиле.

Анчелоти призна дека останал изненаден од играчите кои најмалку ги познавал, односно од три летни засилувања кои ги доби пред стартот на сезоната.

– Најизненаден сум од тројцата кои ги познавав најмалку. Фран Гарсија заврши добра работа и имаше добра прва сезона, поготово но стартот. Хоселу и Брахим исто така се оние кои ме изненадија.

– Мора да признаам дека имаше и фудбалери кои заслужија да играат повеќе од тоа што им овозможив. Најдобар пример е Себалјос, поради различни причини не ги доби шансите кои ги заслужи. Арда исто така е играч кој ќе имаше повеќе шанси ако немаше толку повреди. Целосно гледано, изненаден сум од целиот тим, забележавме само еден пораз во досегашниот тек од сезоната во Ла Лига, – вели Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни