Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти посочи кои играчи на Реал можат да бидат добри тренери во иднина

Објавено

на

Фото:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти дефинитивно е еден од најголемите тренери на сите времиња, стратег кој има работено во повеќе различни средини и има освоено голем број на титули.

Тој долго време е активен на ова поле и многу добро знае што значи да се биде стратег, па и да препознае кај играчите квалитет, потенцијал да бидат успешни тренери во иднина. Вирално во последно време е видеото во кое тој своевремено говори дека Чаби Алонсо ќе биде добар стручњак, прогноза која се оствари ако се земе предвид нереалната сезона која Шпанецот ја има на кормилото на бундеслигашот Баер Леверкузен.

Токму дон Карло беше запрашан за тоа дали во сегашниот состав на Реал има асови кои во иднина ќе ги гледаме крај аут линијата, поточно можат да му бидат колеги, да го наследат.

-Верувам дека има квалитет за тренери. Човек може да биде тренер, но мора прво да сакаш да бидеш. Имајќи ги предвид тешкотиите што ги имаат тренерите, дека многу играчи не сакаат да бидат, бидејќи гледаат голема одговорност и притисок. Карвахал, Начо, Себалјос, тие имаат добро тактичко разбирање, имаат глави за тоа, Крос, Модриќ секако.

-Но само ако…(пауза) тие имаат желба да бидат тренери, -порача Италијанецот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни