Поврзете се со нас

Англија

Реакцијата на Антони кога Тен Хаг нареди да игра како лев бек против Арсенал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Антони за многумина е едно од најголемите трансфер разочарувања во историјата на Манчестер Јунајтед, ако не и најголемото кога ќе се земе во предвид колкава сума на пари платија „ѓаволите“.

Некогашната ѕвезда на Ајакс пристигна на „Олд Трафорд“ за сума од 100 милиони евра пред две години, но во овие две сезони, не покажа ниту дел од потенцијалот и квалитетите кои ги презентираше во Ередивизијата.

Бразилецот веќе некое време нема статус на стартер во Јунајтед, па дури и кога добива шанса, Тен Хаг повремено знае да го прекомандува и во одбраната.

Антони влезе како резерва против Арсенал во 70-та минута и првично доби офанзивни задачи, но кога Тен Хаг ги извади Амрабат и Ван Бисака, Бразилецот требаше да ја покрие левата бековска позиција.

Видео од трибината открива дека Антони не бил импресиониран и негодувал на одлуката на тренерот, па повторно ја повторил истата реакција од дербито со Ливерпул, кога со своите гестикулации го прашуваше дали е нормален.

Во дадениот случај, Скот МекТоминеј бил тој кој се обидувал да го смири Антони, па на крајот офанзивниот фудбалер се прекомандувал од десната на левата страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни