Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона е подготвена да се откаже од клучен играч, ама под еден услов

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Шпанскиот великан Барселона има сезона за заборав и се најавуваат доста потези, промени во летниот преоден рок со кој тимот ќе добие на свежина, компетитивност, тим кој ќе може да одговори на сите предизвици.

Не е тајна дека финансиската состојба на клубот не е сјајна, па повеќе од јасно е дека некои играчи ќе мора да бидат продадени и на тој начин да се соберат финансиски средства кои потоа би биле искористени за засилувања.

Некои потези можат да бидат болни, поточно Барса да остане без фудбалери кои се склучи како што е Роналд Араухо. Јужноамериканецот е најдобриот дефанзивец во клубот, ас кој може да игра како стопер, но и како десен бек, но на „Камп Ноу“ се размислува за негова продажба под услов некој да понуди 100 милиони евра.

Баерн Минхен и тимови од Премиер лигата како Манчестер Јунајтед би можеме да реагираат и ги обезбедат неговите услуги. Уругваецот има 25 години и допрва се очекува да го достигне максимумот во кариерата.

Според „Спорт“, поранешниот шпански првак е добро покриен на стоперските позиции каде ги има Кунде, Мартинез, Кристенсен, Кубарси, тука е младиот Фаје од Барса Б кој се очекува да добие шанса, ќе се врати и Ерик Гарсија од Џирона, па токму поради ова Роналд би можел да биде жртвуван за голема сума на пари.

Актуелниот договор му завршува во 2026 одина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни