Поврзете се со нас

Македонија

ГРК Охрид ангажираше десен бек од Хрватска

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Тимот на ГРК Охрид продолжува со активностите и официјално се пофали со уште едно засилување за натпреварувачката 2024/2025.

Нов член на македонскиот прволигаш е 26-годишниот десен бек од Хрватска, Луцијан Бура. Бура е играч кој доаѓа од Унгарија, а претходно има настапувано во Словенија и својата татковина.

-Доаѓањето во Охрид за мене значи отворање нова страница во кариерата. Исклучително сум среќен што ќе имам можност да играм во Македонската лига која, според мое мислење, има високо ниво на квалитет, со можност за настап во европските натпреварувања, -вели Бура и додава:

-Верувам дека во ГРК Охрид ќе имам можност да ги развивам моите играчки способности, како и дека ќе постигнеме што подобри резултати како во домашното првенство, така и во Европа”, -порача Хрватот кој им се приклучи на Наум Костов, Живан Пешиќ, Дејан Кукуловски и Градимир Чаневски кои претходно станаа „гладијатори“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни