Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ за големиот проблем на Далас: Тоа е неприфатливо

Објавено

на

Далас Маверикс доживеа пораз од Оклахома Сити Тандер од 100:96 во четвртиот меч во полуфиналната серија на Западот.

Со ова клубот од Тексас ја загуби предноста на домашниот терен, поточно сега истата одново ја има противникот што може да се покаже како пресудно во оваа пресметка.

Маверикс имаа еден голем проблем на последното соочување, а тоа беа слободните фрлања. Домаќините реализираа 12 од вкупно 23 или само 52,2 проценти што е премалку или поточно ова ги чинеше победа на ова соочување.

-Треба да работиме на слободните фрлања. Погодивме 52 проценти. Тоа е неприфатливо, -истакна Лука Дончиќ кој имаше реализација четири од шест од пенал линијата,

Словенецот заврши со трипл-дабл од 18 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни