Поврзете се со нас

НБА

Едвардс: Тешко е да се борите со тоа, тие го имаат најдобриот играч на светот

Објавено

на

Минесота Тимбервулс не успеа да го одбрани домашниот терен во пресметката со Денвер Нагетс иако нивниот најдобар играч Ентони Едвардс испорача 44 поени со 5 скока, 5 асистенции, 2 украдени топки и 1 блокада.

Нема играње со Јокиќ и компанија: Шампионот го врати и вториот брејк и израмни во серијата со Минесота (ВИДЕО)

Сега резултатот во оваа полуфинална серија на Западот е 2-2, поточно сега се тргнува од „нула“ што може да биде опасно ако се земе предвид налетот на актуелниот шампион.

-Погодија неколку тешки шутеви. Мислам дека ни направи штета таа серија на крајот од втората четвртина која започна со моја глупа изгубена топка. Имавме многу шанси за победа, но направивме некои грешки.

-Тие го имаат најдобриот играч на светот, а топката е постојано во неговите раце. Секогаш кога ќе направите грешка, тој тоа го гледа, тешко е да се борите со тоа, -истакна Едвардс кој запрашан за тоа дали сега ривалот е во предност, тој одговори:

-Мислам дека немаат никаков моментум – ние победивме два натпревари, тие добија два натпревари. Среќен сум што се натпреваруваме на највисоко ниво – доколку следниот меч беше утре, јас ќе бев подготвен. Ќе биде забавно, -заклучу асот на „волците“.

Јокиќ нема дилеми: Тој беше наш најдобар играч, се правеше!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни