Поврзете се со нас

Англија

Бекам за документарецот за неговата генерација: Ова мора да биде инспирација за сите во Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Навивачите на Манчестер Јунајтед очајно посакуваат нивниот омилен клуб да се врати во посакуваниот ритам и повторно да се бори за трофеи, а клупската легенда Дејвид Бекам смета дека новиот документарец за неговата легендарна генерација може да служи како инспирација за остварување на оваа цел.

„Амазон“ промовирал документарен филм кој го носи името „99“, а е посветен на генерацијата на Манчестер Јунајтед која освои три трофеи во една сезона под водство на Алекс Фергусон.

Во сезоната 1998/99, Јунајтед триумфираше во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите, за сега фановите да се соочат со фактот дека „црвените ѓаволи“ последен пат биле англиски прваци во 2013 година, а немаат освоено европски трофеј од 2017 година.

– Мислам дека секој кој ќе го гледа овој документарец и е некако поврзан со Јунајтед, ќе добие посебна инспирација од него.

– Ова е тежок период за клубот, но тоа не е изненадување, посебно по еден долг период во кој имавме толку големи успеси. Впечатокот е дека периодот трае предолго, но мислам дека овие емоции ќе влијаат посебно кај фудбалерите од академијата, посакувам да биде инспирација за нив, – рекол Бекам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни