Поврзете се со нас

Англија

Челси има „Играч на месецот“ во Премиер лигата првпат по 2018 година

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Премиер лигата денеска го објави името на фудбалерот кој го доби признанието „Играч на месецот“ за претходниот месец април и истото заслужено патува за Лондон.

Добитник е Кол Палмер од редовите на Челси, фудбалер кој импресионираше со своите настапи и постигна многу важни голови за тимот на Маурисио Покетино.

Англискиот репрезентативец прекина еден долг пост за Челси, со оглед на тоа што е прв фудбалер на оваа екипа, кој го добил признанието уште од Еден Азар во 2018 година.

Палмер постигна 7 гола на 4 одиграни натпревари во месец април, а успеа да го надополни и бројот на асистенции, со што сега е апсолутен лидер во оваа категорија во својот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни