Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„БеИН Спортс“ со 3Д технологија понуди реална слика за непризнатиот гол на Баерн (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен ја доживеа судбината на големи тимови како ПСЖ, Челси и Сити кои претрпеа болни порази во самите завршници од натпреварите на „Сантијаго Бернабеу“, но за разлика од пресметките пред две години, оној вчерашниот во Мадрид понуди и една контроверзна ситуација откако домаќините направија пресврт.

Гостите од Германија не се откажаа и очајнички се обидуваа да постигнат гол за продолженија, па иако тоа го направи Де Лихт, акцијата беше прекината неколку секунди претходно поради недозволена ситуација.

Повторените снимки не ги расчистија дилемите и не можеше да се утврди дека станува збор за офсајд ситуација, а бидејќи во вакви ситуации не може да се активира ВАР, Германците едноставно беснееја на теренот.

Томас Милер и Томас Тухел беа најгласни во протестите и обвинија дека Баерн бил „ограбен“ во Мадрид, теорија која ќе биде уште поцврста за баварците откако ќе го погледнат видеото од „БеИН Спортс“.

Телевизијата која има ексклузивни права за Лигата на шампионите направи реконструкција на спорниот момент и употреби 3Д технолгија за да ги расчисти дилемите, а според подвлечената линија, Мазрауи не е во офсајд и голот ќе беше признат доколку судиите не ја прекинеа акцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни