Поврзете се со нас

Англија

Дарвин се реши за радикален потег и ги зголеми шпекулациите за заминување од Ливерпул (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Дарвин Нуњез беше креатор на големи и неверорјатни промашувања во текот на оваа сезона, но навивачите најмалку му ги простија оние против Евертон со кои тимот и дефинитивно отпадна од трката за титулата.

Ливерпул вчера го победи Тотенхем со 4:2 во натпревар во кој Дарвин имаше само улога на епизодист, но за новинарите многу поголемо внимание привлече радикалниот потег за кој се одлучи Угуваецот на социјалните мрежи.

Како резултат на жестоките критики и ужасните пораки кои ги добил од дел од навивачите, Нуњез реши да ги избрише сите фотографии од Ливерпул на својот официјален Инстграм профил, па кога на тоа ќе се надоврзе и лошата голгетерска форма во која западна, се отвора прашањето дали полека се ближи неговиот крај на „Енфилд Роуд“.

Легендарниот Џејми Карагер испрати порака до раководствот и им порарча сериозно да размислат дали да продолжат со Дарвин, кој можеби на крајот и самиот ќе реши да си замине по последните случувања со навивачите.

Радикалниот потег и бришењето на сите фотографии од Ливерпул е јасен сигнал дека има нулта толеранција за навреди кои ја надминуваат границата на нормалата, особено во ситуација кога биле навредувани и неговите членови од семејството.

Нуњез вчера одигра само 15-тина минути против Тотенхем и беше последна резерва на Клоп, а воедно беше првиот и единствен играч на Ливерпул кој со наведната глава се упати кон соблекувалната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни