Поврзете се со нас

Италија

Големо е ривалството меѓу Фиренца и Торино: Девојче-маскота го „поздрави“ Јувентус во камера (ВИДЕО)

Објавено

на

Фиорентина славеше над Монца со 2-1 во последната средба од 36. коло во Серија А, триумф со кој избраниците на Италијано дојдоа до 53 бод со што се искачија на осмото место на табелата.

Јужноамериканците Николас Гонзалес и Артур Мело беа стрелци на головите за победникот на „Артемио Франки“ од каде ни дојде и една сцена која експресно стана вирална.

Имено пред почетокот на дуелот имаше едно девојче-маскота кое во камера го „поздрави“ Јувентус.

-„Juve merda“, -порачуваше девојчето што во превод значи „се најдобро“.

Познато е колку е големо ривалството меѓу Фиорентина и Јувентус, меѓу Фиренца и Торино, па ова е уште една потврда за тоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни