Англија
Светски шампион си заминува од Јунајтед по крајот на оваа сезона
Манчестер Јунајтед има навистина лоша сезона по која дефиниитвно ќе има доста промени, поточно се очекува активно лето на „Олд Трафорд“.
И додека се чека официјална информаци за тоа дали Ерик Тен Хаг ќе продолжи да го води тимот од Јунајтед стигна потврда за едно важно заминување, а тоа е она на Рафаел Варан.
Французинот по три години си оди од Јунајтед и тоа по истекот на актуелниот договор кој му завршува на 30 јуни. Клубот и соопшти на јавноста дека завршува приказната со стоперот кој пристигна од Реал Мадрид во 2021 година, ама не го даде тоа што се очекуваше од него.
Настапи на вкупно 93 натпревари, постигна два гола, а се израдува на само еден трофеј и тоа оној во Лига Купот во 2023 година.
Јунајтед до крајот на сезоната има мечеви со Њукасл и Брајтон во шампионатот и со Манчестер Сити во финалето на ФА Купот.
Инаку Варан е отсутен од 4 април кога се повреди со Челси, но има шанса да одигра уште некој натпревар пред официјално да се прости од премиерлигашот.
Инаку Рафаел со Реал ги освои сите можни титули, а со неговата Франција беше светски шампион во 2018, плус лигата на нации во 2021.
-
Италија24 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет21 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон