Поврзете се со нас

Англија

Невил и Карагер ги избраа најдобрите во Премиер лигата, седум играчи се повторија во двата тима

Објавено

на

Пред нас е самата завршница во Премиер лигата, натпревари кои се бројат на прсти затоа што денеска и утре ќе се играат мечеви кои се заостанати за да в недела биде спуштена завесата за кампањата 2023/2024.

Поранешните англиски репрезентативци и воедно легенди на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, Гери Невил и Џејми Карагер низ целата оваа сезона беа активни, даваа свои коментари, анализи за да сега добијат можност да ги изберат најдобрите, состават идеални единаесетки.

Во изборот кој го направија за „Скај Спортс“ седум играчи се заеднички, поточно сметаат дека заслужуваат да бидат во одбрано друштво-тоа се Салиба, Габриел, Одегард и Рајс од Арсенал, Родри и Фоден од Манчестер Сити и Палмер од Челси.

Кога се во прашање останатите позиции, Гери се реши за Мартинез на голот, десната и левата бековска позиција се наменети за Вајт од Арсенал и Удоги од Тотенхем, а во шпицот на нападот е Халанд.

За Карагер пак Пикфорд е голман број еден, Ван Дајк е во срцето на одбрана, во офанзивата најде место и за Де Брујне, додека најистурен е Воткинс од Астон Вила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни