Поврзете се со нас

Велосипедизам

Историски успех: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на светското Gran Fondo првенство

Објавено

на

Нашиот актуелен државен шампион во друмски и ридски велосипедизам, Елена Петрова (29), го освои второто место во женска конкуренција на 119 километри долгата трка што се возеше во Умаг, Хрватска.

Оваа трка беше дел од меѓународното натпреварување UCI Gran Fondo 2023, а на кое имаше силна конкуренција со учесници од 25 држави.

Со пласманот на втотото место во категоријата  за жени од 19 до 34 години, Петрова се квалификуваше на овогодинешното светско првенство UCI Gran Fondo, кое ќе се одржи во август, а домаќин ќе биде шкотскиот град Глазгов.

– Навистина сум среќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со национален дрес гордо да застанам на подиумот. Трката во Истра беше тешка, но јас сум во одлична кондиција и успеав да дадам максимум од својот потенцијал и да завршам на позиција број 2 во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и мотив за возбудлива натпреварувачка сезона. Благодарност до мојот матичен клуб „Инвиктус“ и Велосипедската федерација на Македонија,- рече Елена Петрова по церемонијата на свеченото прогласување на победниците.

На трката од 119 километри во Умаг имаше околу 300 учесници, од кои 27 беа во женска конкуренција, поделени во повеќе старосни категории, при што Дуња Иванова беше третопласирана меѓу учесничките во категоријата жени на возраст од 35 до 39 години, а дополнително таа го оосвои и третото место во трката на хронометар.

Во машка конкуренција Македонија имаше повеќе претставници: Милан Нацевски и Филип Пандазиев (М19-34), Никола Христов, Љубиша Кондев, Игор Михајловски, Дејан Новковски (сите во М50-54) и Душко Кантарџиев (М55-59).

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни