Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Кварацхелија: Понудата е тука, одлуката е на Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Квича Кварацхелија не може да биде задоволен од сезоната во која Наполи не само што беше далеку од одбрана на титулата, туку не успеа да се избори ниту за настап во европските купови.

Сепак, Грузиецот има валиден договор со италијанскиот клуб, кој сега треба да одлучи дали сака да профитира од одличните игри на фудбалерот изминатите две сезони.

Неговиот агент Мамуга Југелим за „Газета дело Спорт“ истакнал дека ПСЖ веќе испратил конкретна понуда за Кварацхелија и Наполи треба да одлучи дали е заинтересиран за истата.

– Не постои конкретен интерес за Квара од Саудиска Арабија.

– За мојот клиент е заинтересиран ПСЖ, но сега се зависи од Де Лаурентис и Наполи, – изјавил агентот на Грузиецот.

ПСЖ е во потрага по наследник на Килијан Мбапе и се шпекулира дека понудил и 100 милиони евра за потписот на Кварацхелија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни