Поврзете се со нас

Германија

Компани стави потпис на договорот и најави каков стил на игра ќе негува како тренер на Баерн (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Венсан Компани денеска и официјално беше потврден како нов тренер на Баерн Минхен и стави потпис на тригодишен договор, со што конечно се реши прашањето кое беше доста проблематичноо во Баварија во последните неколку месеци.

Германскиот великан имаше неколку неуспешни обиди да донесе замена за Томас Тухел, па по низа „корпи“ од звучни фудбалски имиња, изборот се стесни и директорите на клубот се одлучија за белгиската легенда.

Компани беше лидер на Манчестер Сити во играчката кариера и е надалеку ценет поради она што го оствари како фудбалер, но сега првиот сериозен испит како тренер ќе го има на „Алијанц арена“.

За разлика од Барнли каде не се гледаше како неуспех испаѓањето во Втора лига, Компани ќе има за задача да победува секој викенд како тренер на Баерн, па останува да видиме како ќе се снајде во оваа улога.

– Едвај го чекам предизвикот наречен Баерн Минхен. Голема е честа да се работи за овој клуб. Првата работа која ја помислувам кога ќе се спомене Баерн е институција, – изјави Компани, кој одговори и каков стил на игра ќе негува во Баерн.

– Како тренер, мора да се водите по тоа каква ви е личноста. Ја израснав на улиците во Брисел и таму научивме да бидеме креативни. Ја сакаме топката и сакаме да креираме, но исто така сакам да бидеме храбри и да бидеме агресивни. Јас бев агресивен како фудбалер и ќе го барам тоа од мојот тим. Ако воспоставиме добри бази, успехот ќе дојде сам по себе, – изјави Компани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни