Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фановите на Борусија со различна реакција: Овации за Клоп, свирежи за Мурињо (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Навивачите на Борусија Дортмунд во очекувано голема бројка се на „Вембли“, каде вечерва ќе го бодрат својот тим во соочувањето со Реал Мадрид, а каде „милионерите“ ќе се борат за европска титула и крај на еден долг пост во ова натпреварување.

Фановите на бундеслигашот направија одлична атмосфера уште неколку часа пред почетокот на финалето, а интересен беше начинот на кој го „искоментираа“ присуството на Жозе Мурињо и Јирген Клоп.

Поранешниот тренер Клоп прв се појави на големиот екран и доби овации, но потоа камерите го уловија Жозе Мурињо, за кого фановите на Борусија доделија свирежи.

Клоп доби овации уште еднаш, а вечерва од ВИП ложата веројатно ќе навива за својот поранешен клуб. Мурињо од друга страна е присутен во улога на стручен коментатор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни