Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го доби Охрид, трката за титулата ќе се решава во последното коло

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Составот на Вардар 1961 издвојува победа над ГРК Охрид од 29:22 во средбата од претпоследното 13. коло во плејофот во Суперлигата.

На „црвено-црните“ им беше потребен триумф за да останат во трка за пехарот, поточно да ги задржат шансите до завршната рунда во која актуелниот првак Еурофарм Пелистер пак се ќе има во свои раце затоа што позитивен резултат против Алкалоид го остава на тронот на македонскиот ракомет.

Вардарци одиграа квалитетна одбрана на денешниот меч на кој му дозволија на противникот да даде по само 11 гола во двете полувремиња.

Најефикасен играч кај победникот беше Стефан Петриќ со 8 погодоци.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни