Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мурињо со важна поента по финалето на „Вембли“: Прашајте ги фановите на Реал…

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо беше еден од најинтересните стручни коментатори на финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а допрва изјавите на Португалецот ќе предизвикуваат внимание кај фудбалските фанови.

„Специјалниот“ беше дел од екипата на „Ти-Ен-Ти“, а по епилогот во кој Реал Мадрид повторно стигна до европскиот трофеј, Мурињо поделил многу комплименти за структурата на својот поранешен клуб, но и за тренерот Карло Анчелоти и менталитетот на фановите.

– Анчелоти не е тренер кој размислува за социјалните мрежи, тој е вистински тренер. Ја доби функцијата поради резултатите кои ги имаше зад себе, одете во неговата канцеларија и погледнете ги освоените трофеи.

– Што се однесува до клубот, прашајте ги фановите на Реал дали биле загрижени што Сити беше доминантен во нивниот двомеч.

– Прашајте ги дали беа загрижени поради денешното прво полувреме. Тие секогаш ги бираат трофеите пред филозофијата, – рекол Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни