Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа запрена во осминафиналето во Оточец

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/ladiesopen

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да избори место во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот што се игра во Оточец – Словенија, турнир на земјена подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа се соочи со 22-годишната Маја Чвалинска од Полска која по скоро два часа игра издвојува победа од 2-0 во сетови. Лина одигра многу лош прв сет во кој не освои ниту еден гејм (6-0), но во вториот се водеше голема борба, имаше по три брејка на двете страни, па решавачки беше тај-брејкот во кој Маја подобро се снајде и со 7-3 го потврди триумфот и пласманот меѓу осумте најдобри.

Севкупно гледано Чвалинска освои 16 поени повеќе од Македонката (59/43) и имаше повеќе брејк топки, но и подобра реализација на истите (6/8 наспроти 3/6).

Тетовката следната недела ја очекува настап на ИТФ фјучрс турнир во Казерта, Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни