Лига на шампиони
Анчелоти нема што да тактизира: Составот на Реал објавен неколку часа пред финалето
Карло Анчелоти има навистина силен состав за финалето на Лигата на шампионите, а дека не планира нешто посебно да тактизира, говори и податокот дека ги објави стартните единаесет на околу три часа пред почетокот на дуелот меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
Тибо Куртоа ќе стартува на голот, нешто што беше најавено од Анчелоти на вчерашниот прес, а нема никакви други изненадувања, вклучувајќи го и фактот дека Хоселу, Васкез и Модриќ се на клупата за резервни фудбалери.
Карвахал, Ридигер, Начо и Менди се дел од дефанзивната линија, додека во средниот ред ќе стартуваат Камавинга, Крос, Валверде и Белингам.
Сосема очекувано, Винисиус и Родриго сочинуваат бразилски тандем во нападот, додека џокерот од полуфиналето Хоселу ќе чека шанса од клупата.
📋✅ ¡Nuestro 𝗫𝗜 inicial para la final!
🆚 @BVB#UCLfinal | #APorLa15 pic.twitter.com/2B4HyEtdNa— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 1, 2024
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план