Поврзете се со нас

Италија

Одлични вести за шампионот: Лаутаро ќе потпише нов договор со Интер

Објавено

на

foto:twitter.com/Inter_en

Екипата на Интер е на добар пат за затвори многу важно прашање и тоа околу иднината на капитенот, Лаутаро Мартинез кој прифатил да потпише нов договор.

Аргентинецот од 2018 година е дел од „нероаѕурите“, клуб во кој од сезона во сезона постојано напредуваше, растеше и сега е вистински лидер на тимот, ас без кој не може да се замисли почетната единаесетка.

Самиот фудбалер е среќен во Милано, па токму и тоа е причината што прифатил на остане на „Џузепе Меаца“ до 2029 година. Медиумите пренесуваат дека договорот ќе биде потпишен во текот на наредните денови, а според истиот платата на напаѓачот ќе се зголеми и ќе биде околу 9 милиони евра, плус бонус.

Актуелниот договор на популарниот Ел Торо истекува во 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни