Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија не успеа да ја претвори иницијативата во победа против Молдавија

Објавено

на

Фото: ffm.mk

Женската фудбалска репрезентација на Македонија одигра 1:1 во дуелот со Молдавија во рамките на групата 2 од Лига Ц во квалификациите за ЕП 2025.

Нашите најдобри фудбалерки имаа иницијатива и повеќе ја посакуваа победата во Скопје, упатија 20 удари кон противничкиот гол, но не успеаја да ги реализираат шансите и на крајот освоија само бод во овој квалификациски дуел.

По неискористените шанси во првиот дел, Македонија конечно поведе преку Максути во 52. минута, но за жал предноста траеше само три минути, по што противникот возврати преку Табур за 1:1, што беше и конечен резултат.

Репрезентацијата предводена од селекторот Андов веќе на 4. јуни и гостува на истата селекција во Зимбру, па тоа ќе биде можност за уште еден добар натпревар и поволен резултат со овој противник.

По три одиграни кола, Македонија во моментов е на второто место со 4 освоени бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни