Поврзете се со нас

Мото ГП

Бањаја ја доби битката со Мартин, Маркез од 14-то место до подиумот на Каталуња

Објавено

на

Трката за Големата награда на Каталонија е една од оние кои привлекуваат посебно внимание во мото-календарот, уште повеќе во ситуација кога денеска како главни фаворити за победа пред трката беа шпански возачи.

Алеиш Еспаргаро и Хорхе Мартин беа во добра позиција да стигнат до победа на Каталуња, но сепак забавата на трибините ја расипа Пеко Бањаја, кој денеска извозе шампионски и покажа дека е сериозен во намерата да го достигне лидерот во генералниот пласман.

Еспаргаро стартуваше како прв и брзо беше престигнат од Бањаја, Акоста и Мартин, а токму оваа тројка беше онаа која ја водеше трката во првата третина. Мартин беше најагресивен на стартот и успеа да се пробие до првото место, а иако во прв момент изгледаше дека само Акоста може да го следи неговиот ритам, младиот Шпанец направи грешка и излета од стазата.

Тоа направи да се прости одо првото место и прва победа во Мото ГП, но истовремено му отвори простор на Бањаја кој почна да вози хируршки прецизно и да ја намалува предноста на Мартин. Хорхе имаше повеќе од секунда предност и Италијанецот брзо почна да ја топи, а откако го стигна, лесно го премина и на крајот без проблеми стигна до победа во Каталуња.

Мартин без опасност заврши втор и остана лидер во генералниот пласман, но Бањаја сега ја намали разликата под границата 40 и има 39 бода помалку од шпанскиот возач.

Пеко и Хорхе во овој момент изгледаат како најдобри возачи во „кралската класа“, но се повеќе се наметнува и Марк Маркез кој уште еднаш покажа дека е подготвен за неверојатни пресврти. Откако воодушеви на трката во Ле Ман, Маркез голем пресврт направи и денеска, па така стигна до подиум откако стартуваше како 14-ти.

Осумкратниот шампион сериозно напредуваше и останува во трка за шампионската титула, бидејќи сега е третопласиран со 41 бод помалку од лидерот Мартин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни