Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа честеше „компир“ на стартот во Словенија и фуриозно се пласираше во осминафиналето

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Лина Ѓорческа не успеа да мине во квалифкациите на Ролан Гарос и остана без шанса за настап на францускиот грен слем, па така најдобрата македонска тенисерка продолжи со настапите на фјучерс турнирите.

Ѓорческа денеска се избори за победа и обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот во Оточец – Словенија, откако вчера беше слободна во воведната рунда како петта носителка во ждребот.

Тенисерката од Тетово беше фуриозна во првиот сет и не и препушти ниту еден гејм на Михаела Бајерлова од Чешка, па по предноста од 6:0, мора да се признае дека наиде на доста поголем отпор во вториот сет.

И покрај тоа, Лина го пронајде патот до победата и славеше со 7:5, па сега во осминафиналето ќе игра против тенисерка од Полска, Маја Чвалинска.

Станува збор за 22-годишна тенисерка која е на 244-то место на ВТА лигата и која за разлика од Лина е 11-та носителка на турнирот во Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни