Поврзете се со нас

Формула 1

Трета среќа: Леклер триумфираше во „својот“ Монако

Објавено

на

foto:x.com/ScuderiaFerrari

Шарл Леклер е победник на трката за Големата награда на Монако која попладнево се возеше во Монте Карло.

Ова е посебен ден за членот на Ферари затоа што ова е триумф на домашен терен на стазата на која добро ја познава. Тој водеше од почеток до крајот, поточно успеа да го направи тоа што му недостасуваше во претходните два наврати која стартуваше од пол позицијата.

Одличниот ден за Ферари беше комплетиран со подиумот за Карлос Сајнц кој трката ја заврши на третата позиција зад Оскар Пјаестри од Мерцедес.

Инаку ГН за Монако беше одбележана од инцидентот на самиот старт кога Серхио Перез и Кевин Магнусен имаа близок контакт, ситуација во која настрада и Нико Хилкенберг, односно оваа тројка експресно го заврши настапот.

Судир уште во првиот круг во Монте Карло, уништен е болидот на Перез (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни