Поврзете се со нас

Шпанија

Родриго со јасен став за неговата иднина во Реал: Се додека…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Родриго Гоеш веќе неколку години е дел од шпанскиот великан Реал Мадрид во кој пристигна како тинејџер за да од сезона во сезона напредува и дојде до статус на првотимец, еден од најквалитетните играчи.

Меѓутоа конкуренцијата во Реал кога е во прашање нападот станува се пожестока затоа што летово ќе пристигне Килијан Мбапе, ќе дојде и големиот талент Ендрик, а тука се и останатите староседелци што значи дека доста играчи ќе се борат за неколку позиции.

Токму поради ова Бразилецот го поврзуваат со можно заминување во друга средина, но кога е во прашање оваа тема тој има јасен став.

-Се разбира, сакам да останам тука многу години. Сакам да бидам тука се додека чувствувам дека помагам и дека сум важен за тимот. Во моментот кога ќе видам дека не е така, можеби е време да барате друго место. Мислам дека тоа не се случува во моментов и не размислувам за тоа. Отсекогаш сонував да играм овде, секогаш ми беше омилен клуб. Имам се овде, остварувам сон, веќе сум шампион во се и се додека сум важен сакам да продолжам тука, -вели Родриго кој запрашан за тоа дали би сакал да игра во друга лига, тој порача:

-Премиер лигата е лига што им се допаѓа на сите, јас нема да ги затворам вратите за ниту една друга лига. Сите знаат дека мојот сон е секогаш да играм за Реал Мадрид – сакам да бидам тука, но за се може да се разговара. Но, мојата цел е да продолжам овде, -подвлече некогашниот член на Сантош.

Важен стартер на Реал со цврст став: Сити е најдобар тим во светот!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни