Поврзете се со нас

Германија

Кимих лут по контроверзна анкета: За вакво нешто нема место во соблекувалната на Германија

Објавено

на

Јозуа Кимих е еден од поискусните фудбалери во германската репрезентација, а очекувано реагирал бурно откако од него била побарана реакција за една контроверзна анкета.

Еден медиум направил анкета меѓу Германците за тоа дали посакуваат повеќе „бели“ играчи во националниот тим и секој петти испитаник потврдил дека посакува такво нешто.

– Секој кој е дел од фудбалот знае дека тоа е голема глупост.

– Токму фудбалот е пример како можете да обедините луѓе од различна националност, вера и различна боја на кожата.

– Тоа е целта и на нашата репрезентација. Многу фудбалери би ми недостасувале ако сега не се тука. Оваа анкета е расистичка и за темата нема место во нашата соблекувална, – рекол Кимих.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни