Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ водеше битка и со навивачите на Минесота, го изнасмеа Снуп Дог со една негова реакција (ВИДЕО)

Објавено

на

Лука Дончиќ одново „грмеше“ и со својата фантастична партија му донесе победа на Далас Маверикс во пресметката со Минесота Тимбервулс, победа доволна да се затвори серијата со 4-1 и да се закаже големо финале во Бостон Селтикс.

Словенецот беше незапирлив и испорача 36 поени со 10 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки, односно истата беше круна за изданијата кои му го донесоа признанието МВП во финалето на западната конференција.

Плејмејкерот освен што „газеше“ на теренот водеше битка и со домашните навивачи кои го провоцираа, па Лука во еден момент по еден кош експлодира и поздрави еден од провокаторите.

-Кој сега плаче, да ти е*ам мајката, -велеше Дончиќ, реакција и зборови со кои го насмеа легендарниот рапер Снуп Дог кој беше во првите редови во „Таргет Центарот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни