Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мурињо и Терзиќ имаа емотивна прегратка, Жозе откри што му порачал на младиот стратег (ВИДЕО)

Објавено

на

Борусија Дортмунд не успеа да ја мине последната пречка и по втор пат во својата историја да се искачи на тронот во европскиот фудбал, да биде екипа број еден на стариот континент.

На последното скалило „милионерите“ беа запрени од Реал Мадрид кој со подобра игра во вториот дел со головите на Карвахал и Винисиус Жуниор дојде до славје на „Вембли“ и 15. трофеј во Лигата на шампионите.

Ова дефинитивно беше болен момент за Борусија која лани во последното коло во Бундеслигата ја загуби титулата на домашен терен, па тоа заедно со поразот во ЛШ дефинитивно ќе останат во меморијата особено на тренерот Един Терзиќ. Жозе Мурињо знае колку тешки можат да бидат овие ситуации, па по крајот на мечот имаше убав гест и тргна да го  да го теши тренерот на бундеслигашот.

-Тој велеше дека е многу, многу тешко и му реков дека времето нема да ти помогне, ќе биде многу тешко до крајот на кариерата и до крајот на твојот живот. Ама мора да бидете многу горди на работата што ја направивте затоа што направивте неверојатно. Како тренер не можеше повеќе. Тренерот не може да постигне гол или да ја стави топката во мрежата.

-Може да организира и да даде менталитет и самодоверба и сетоа тоа го направи. Пристапот беше неверојатен. Тие беа храбри. Тие направија сè добро, освен што не постигнаа гол, како тренер мора да биде горд, но нема да ја заборави оваа вечер, -порача Жозе за „ТНТ Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни