Поврзете се со нас

Шпанија

Ридигер во свој стил: Модриќ е тука, но јас сум лидер на Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид останува без Тони Крос по крајот на оваа сезона, сезона во која „кралевите“ имаат уште еден меч и тоа оној против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите.

Останува да се види ситуацијата и со уште некој искусни играчи кои се уште немаат потпишано нови договори, поточно се шпекулира со нивната иднина. Лука Модриќ е еден од нив со тоа што информациите за него се дека останува уште најмалку една сезона на „Сантијаго Бернабеу“.

Ова значи дека и својата 39. година од животот Хрватот ќе ја дочека во Реал, но без разлика на возраста и стажот во шпанскиот великан, дефанзивецот Антонио Ридигер смета дека е лидер на екипата.

-Тони Крос оди во пензија, на Лука Модриќ му остана малку… Имаш 31 година. Мислите дека сте лидер на новата генерација на Реал?, -беше запрашан Германецот по што тој одговори:

-Сè доаѓа до крајот. За жал на Тони сега му дојде крајот. Многу ќе ни недостига бидејќи е уникатен и незаменлив играч. Модриќ (се уште е свеж и игра одлично. Тука се и ветераните Лукас Васкез, Начо, Карвахал… Но, да. Се гледам себеси како лидер на тимот. Јас не сум водач од големи зборови, туку од дела, -порачал стоперот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни