Поврзете се со нас

Македонија

Промени во прволигашот: Стојанов ќе биде генерален директор на Брера Струмица, Симиќ ќе има друга функција

Објавено

на

foto:x.com/brerastrumica

Екипата на Брера Струмица направи промени во организациона структура по крајот на сезоната 2024/2025.

Имено Јован Симиќ нема повеќе да ја извршува функцијата генерален директор, односно тоа место во иднина ќе го има Ванчо Стојанов.

-Благодарам на довербата која ми е дадена од фудбалската легенда, претседателот на нашиот клуб Горан Пандев како и од директорот на БРЕРА Холдинг Пјерлуиџи Галопи. Целите остануваат исти – раст и развој на клубот и градење и одржување силни односи со спонзорите, навивачите, заедницата.

-Секако приоритет ќе биде обезбедување одржливост на клубот, поголема промоција дома и во странство , регрутирање и задржување на играчи, тренери, обезбедување услови за развој на младите и негување на локални таленти, промоција на тимската работа како и соработка со останати клубови и школи. Верувам дека сите заедно може да го поттикнеме напредокот и успехот на фудбалскиот клуб АП БРЕРА во Струмица и да придонесеме за неговиот севкупен раст и просперитет во иднина, -порача Стојанов за официјалниот веб сајт на клубот.

Симиќ останува во Струмица, но ќе биде спортски директор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни