Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ најефикасен, Уникс на работ на пораз од ЦСКА во финалната серија

Објавено

на

foto: www.unics.ru

ЦСКА Москва се приближи на една победа до титулата во кошаркарската ВТБ лига, победувајќи го Уникс на нашиот Нено Димитријевиќ и на денешниот трет натпревар во финалната серија од плејофот.

Откако ЦСКА направи два брејка во Казањ, денеска стигна до победа со резултат 80:72 и веќе води со 3:0 во финалната рунда од плејофот.

Димитријевиќ со 19 поени повторно е најдобар реализатор кај Уникс, а зад него реализаторски се најдоа Рејнолдс со 14 и Најт со 13  поени.

Во победничкиот тим, Тримбл стигнал до 26 поени.

ЦСКА сега води со 3:0 во серијата, а следниот четврти натпревар повторно ќе го игра на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни