Поврзете се со нас

Германија

Компани: Германците погрешно ми го изговараат името (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Баерн Минхен го назначи Венсан Компани за нов тренер и наследник на Томас Тухел, а белгискиот стручњак ќе има навистина одговорна задача да го врати бундеслигашот на позицијата која од него ја очекуваат фановите.

Компани деновиве е актуелен и за медиумите, кои имаа можност да му поставуваат многу прашања на прес-конференцијата на која беше претставен, а поранешниот фудбалер на Хамбургер открил дека Германците погрешно го изговарале неговото име, иако тој не им забележувал во ниту еден момент.

– Моето име се изговара Венсан.

– Но, две години играв во Хамбургер и тоа не функционираше. Претпоставувам дека на Германците им е тешко да го изговорат името, затоа и Винсент и Вини се во ред, – рекол Компани.

@fcbayern Take note, #FCBayern fans! 🧏📝 #MiaSanMia #Kompany ♬ Originalton – FC Bayern

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни