Поврзете се со нас

Евролига

ПАО го симна Реал од европскиот трон и стигна до седма евролигашка титула

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/paobcgr

Реал Мадрид подобро го започна финалето на фајнл-фор турнирот на кошаркарската Евролига, но немаше одговор за расположениот Панатинаикос во вториот дел, во кој грчкиот тим си го обезбеди приматот европски шампион.

Тимот на Ергин Атаман во првите дваесет минути беше и на минус четиринаесет, на полувреме Реал имаше пет поени предност, но случувањата на теренот тргнаа во спротивна насока по паузата.

ПАО ја зацврсти одбраната и погодуваше на спротивната страна, третиот период го заврши со позитива од три поени, а во последниот период целосно го скрши отпорот на противникот за убедлива победа (95:80) над Реал Мадрид.

За Панатинаикос ова е седма европска титула, а последен пат дојде до ваков успех во 2011 година.

Слукас со 24 поени и Нан со 21 поен беа најдобри поединци во победничката екипа, додека кај Реал, Муса го заврши натпреварот со 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни