Поврзете се со нас

Англија

Веруваат во исто сценарио: Ширер и Линекер прогнозираа кој ќе ја освои Премиер лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Пред некој 15 дена заврши сезоната во Премиер лигата и тоа со триумф на Манчестер Сити кој испиша историја затоа што ова за нив беше четврти пехар во низа во најквалитетната фудбалска конкуренција на островот.

Доста интересна беше трката за самиот врв, најголем конкурент на „топчиите“ беше Арсенал кој и покрај тоа што освои 89 бода остана со празни раце.

Меѓутоа според Алан Ширер, Гери Линекер и Мајка Ричардс тоа ќе се промени во кампањата 2024/2025 во која според нив пехарот ќе се врати во северен Лондон.

-Тие го туркаа Сити до крај минатата сезона и трката за титулата траеше до последниот ден. Тие дефинитивно се подобрија од претходната сезона, Деклан Рајс многу помогна. Мислам дека големи работи доаѓаат за Арсенал. Ако можат да добијат уште двајца [играчи] со врвен квалитет и да ги додадат на она што веќе го имаат, мислам дека тоа би можеле да го направат следната сезона, -вели Ширер.

-Се согласувам, се согласувам. Има огромно подобрување од Арсенал. Само вратете се на тој натпревар на Астон Вила кога Унаи Емери тактични го доби. Тоа беше разочарувачки за нив, но мислам дека ќе го освојат трофејот следната година, -порача Ричардс на што се надоврза Линекер.

-Да, мислам дека можат. Зависи од тоа кого ќе донесат, но Микел Артета заврши брилијантна работа. Можете да го видите постепеното подобрување секоја сезона и сè уште е млад тим кој го прифаќа она во што тој верува. Тие се подобруваат и дефинитивно се на вистинскиот пат. Мислам дека ќе бидат многу блиску следната сезона, -истакна Гери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни