Поврзете се со нас

Свет

Нема дилеми: Јасно е каде ќе игра Роналдо во наредната сезона

Објавено

на

foto:x.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо имаше навистина фантастична сезона на индивидуален план во Ал Наср, но неговиот тим од друга страна остана со празни раце, поточно нема по добро да ја памети натпреварувачката 2023/2024.

Последниот неуспех беше во вчерашното финале во Купот на кралот каде Ал Наср загуби на пенали по што главната ѕвезда, Кристијано Роналдо почна да плаче како мало дете, односно не можеше да ги задржи солзите со што изненади многумина со реакцијата.

Ал Наср остана без уште еден трофеј во Саудиска Арабија, Роналдо се „уби“ од плачење (ВИДЕО)

Едноставно никој не сметаше дека толку му значи да оствари значаен резултат, меѓутоа солзите едноставно покажаа дека Кристијано иако е во залезот на кариерата се уште е гладен за трофеи.

Тие солзи беа протолкувани и како можно збогување, ама тие вести веднаш беа отфрлени од извршниот директор на составот од Ријад.

Имено нема никаква промена на планот и напаѓачот останува во сегашната средина и во наредната сезона, поточно најмалку до истекот на договорот во 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни