Поврзете се со нас

АТП

Виландер: Ѓоковиќ не е како Федерер и Надал, сите веруваат дека можат да го победат

Објавено

на

foto:twitter.com/5SportsNet

Новак Ѓоковиќ ги нема посакуваните резултати во 2024 година, но има добар почеток на Ролан Гарос каде во почетните две рунди оствари сигурни победи од 3-0 во сетови.

Третиот предизвик за Србинот на Френч Опен ќе биде Лоренцо Музети, а пред овој меч кој е закажан за вечерва, легендарниот шведски ас, Матс Виландер имаше еден интересен коментар поврзан со првиот светски рекет.

-За разлика од Федерер и Надал, чиј уникатен стил на игра беше недопирлив за противниците, не е толку тешко да се игра против Ѓоковиќ кога тој не е на 100 проценти.

-Неговите топки се толку технички чисти, што не се никаков проблем за противниците. Во овој момент, сите веруваат дека можат да го победат. Новак не стана просечен играч, но не се разликува од другите тенисери на турнејата, -порача Матс за „Л’Екип“.

Големиот грен слем шампион нема ниту еден освоен пехар, но и ниту едно одиграно финале во актуелнава сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни