Поврзете се со нас

Балкан

Панчев доби уникатен ретро дрес од Звезда, па порача: Јас имам две мајки (Видео)

Објавено

на

Црвена Звезда вчера одбележа 33 години од незаборавното финале во Бари во кое херој беше Дарко Панчев, бидејќи „Златната копачка“ од Македонија тогаш му ја донесе историската европска титула на српскиот шампион.

Македонскиот напаѓач беше јунак на незаборавното финале на кое се уште со насмевка на лицето се навараќаат сите повозрасни фанови на Црвена Звезда, а по повод одбележување на годинишнината, телевизиската екипа на српскиот великан вчера беше во посета на Панчев.

Дарко Панчев ја пречекал ТВ екипата на Звезда во својот дом во македонската престолнина, а притоа добил реплика од историскиот дрес со кој беше освоен Купот на шампиони во Бари.

– Да бидам искрен, додека го облекував дресот, добив желба повторно да истрчам на терен. Добив желба да заиграм, но сепак годините си го прават своето. Навистина ми се вратија убави спомени од моментот кога ја покоривме Европа и морам да признаам дека дресот е енавистина многу удобен. Покрај светиот грб, позади го има бројот „девет“, го има и мојот потпис, а има и ознака дека ја освоив „Златна копачка“. Ме радува што на овој начин се уште се чува споменот од нашата генерација која испиша историја, – изјави Панчев за реплика дресот кој специјално е пуштен и во продажба.

Навраќајќи се на својата играчка кариера, Панчев не пропушти да нагласи дека негови два матични клуба се Вардар и Црвена Звезда, а Србија ја посочи како своја втора мајка.

– За мене нема никакви дилеми, јас отсекогаш сум велел дека Вардар и Црвена Звезда се моите најзначајни клуба. Сум велел дека имам и две мајки. Првата мајка ми е Македонија, другата Србија. Таму ми беше најубаво и никој не може да го промени тоа. Спомените и чувствата мисе поврзани за овие два клуба, останатото е како кога печалбарите одат на заработат во странство. Јас сум звездаш и сум репрезенте на Црвена Звезда во Македонија, – нагласи Дарко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни