Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике го издвои најдобриот играч на ПСЖ и ги стави Мбапе и Дембеле во втор план: Без никаков сомнеж (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Цела Франција од вчера зборува за последниот натпревар кој го одигра Килијан Мбапе како играч на ПСЖ, а интересно истиот заврши со освоен трофеј во Купот.

ПСЖ освои уште една домашна титула и ја потврди доминацијата во францускиот фудбал, но додека сите зборуваа за Мбапе, Луис Енрике испорача една изјава која преизвика големо внимание.

Додека се обидуваше да објасни како ПСЖ ќе го замени Мбапе со користење на повеќе карактеристики од неколку играчи во актуелниот тим, Лучо беше запрашан кој бил најдобар играч во неговиот тим оваа сезона, по што тој без размислување го издвои името на португалскиот репрезентативец.

Шпанскиот стручњак смета дека Витиња бил убедливо најдобар играч на ПСЖ оваа сезона, ставајќи го на прво место пред Мбапе.

– Без никаков сомнеж, Витиња за мене е играч на сезоната во мојот тим. Квалитетот со топката во нозе, агресивноста и желбата да помага во дефанзива направија да отскокне од другите. За мене беше убедливо најдобар, без никаков сомнеж, – изјави Луис Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни