Поврзете се со нас

Репрезентација

Елези: Хрватска е посебен противник, секогаш сме мотивирани кога играме за Македонија

Објавено

на

Македонската сениорска репрезентација утре (19 часот) ќе го има првиот тест во овој јунски „прозорец“ и тоа против една од најсилните светски селекции Хрватска со која ќе се соочиме на нејзин терен во Ријека.

Ова дефитивно ќе биде сериозен предизвик за нашите фудбалери кои ќе имаат можност да покажат дека можат да се носат со противник кој е редовен на големите натпреварувања и остварува добри резултати особено на мундијалите каде во последните две изданија заврши на втората и третата позиција.

Агон Елези добро го познава хрватскиот фудбал со оглед на тоа што неколку години беше дел од Вараждин, па членот на Бохум парача дека ќе дадат се од себе за позитивен резултат.

-Драго ми е што повторно сум со момците во репрезентацијата, се подготвуваме на највисоко ниво и навистина е предизвик што се соочуваме со Хрватска, селекција која беше бронзена на последното Светско првенство.

Секогаш сме мотивирани кога играме за Македонија и така треба да се однесуваме и на терен. Да ги почитуваме задачите од селекторот и да се надеваме на позитивен резултат, -порача Елези.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни