Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Ла Фуенте го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за ЕП (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанскиот селектор, Луис Де Ла Фуенте го соопшти поширокиот список на играчи на кои ќе смета за Европското првенство кое ќе се одржи во Германија.

Пред шампионатот „црвенета фурија“ ќе одигра и две пријателски средби против Андора и Северна Ирска како дел од подготовките, па Де Ла Фуенте се одлучи за 29 фудбалери што значи дека тројца нема да преживеат, патуваат на континенталниот собир.

Меѓу повиканите се најде и асот на Барселона, Фермин Лопез кој има забележителни настапи во финишот на сезонава, па и во 2024 година.

Само за потсетување ривали на Шпанците на ЕП ќе бидат Албанија, Хрватска и Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни