Поврзете се со нас

Шпанија

Очекува да добие вистинска шанса во Барселона: Со новиот тренер почнува од нула…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона го реши најважното прашање и го назначи Ханси Флик за нов предводник на екипата, наследник на Чави Ернандес.

Меѓутоа дефинитивно има уште прашања, дилеми кои ќе мора допрва да се разрешат на „Камп Ноу“, а меѓу нив дефинитивно е иднината на повеќе играчи.

Еден од нив е талентираниот Витор Роке кој пристигна во Барса во зимскиот преоден рок, ама не доби премногу шанса од тренерот Чави Ернандес, поточно одигра само 353 минута и постигна 2 гола.

Во самата завршница на мандатот на Чави се говореше за заминување на Бразилецот кој наводно не бил се уште подготвен за ваков предизвик, но со доаѓањето на Флик работите можат да се променат.

-Витор Роке очекуваше поголема минутажа кај Чави. Пред него има играч од светска класа како Левандовски. На Винисиус Жуниор му требаа две години да се адаптира. Сега со нов тренер почнува од нула, -порача за „Марка“, агентот на офанзивецот Андре Кари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни