Поврзете се со нас

Формула 1

Таткото на Ферстапен со јасна порака: Ред Бул мора да се разбуди од сонот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/redbullracing

Макс Ферстапен не можеше ни да се приближи до пиедесталот во Монако, не го освои првото место во Мајами и едвај триумфираше во Имола, што е потврда дека Ред Бул не се наоѓа во препознатлив и доминантен период на кој се навикнаа фановите на Формула 1 шампионатот.

Таткото на Макс, Јос Ферстапен вели дека напредокот на ривалите е очигледен и Ред Бул мора да направи нешто за да ја врати предноста на патеката.

– Очигледно е дека Ред Бул веќе нема доминантен болид на патеката.

– Можеби е време во екипата да се концентрираат на трките и меѓусебната комуникација, а не на други работи, – рекол Ферстапен сениор, алудирајќи на аферата со Кристијан Хорнер.

– Ред Бул мора да го пронајде проблемот, бидејќи очигледно е приближувањето на Ферари и Мекларен. Макс можеше да го сокрива тоа до одредено ниво, но без Перез разликата станува очигледна, – истакнал Јос Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни