Поврзете се со нас

ВТА

Тенисот е неверојатен спорт: Швјонтек се врати од загубена ситуација и остана „жива“ на Ролан Гарос (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Ига Швјонтек победи на последните две изданија на Ролан Гарос, а денеска стигна до 16-та победа во низа откако преживеа неверојатен меч во второто коло.

Бранителната на титулата остана „жива“ и ќе има шанса да се бори за трета последователна титула, откако денеска покажа шампионски ген во најтешките моменти.

Наоми Осака како поранешна најдобра тенисерка беше и повеќе од сериозен ривал за Швјонтек, но иако беше пред победа, на крајот мораше да се помири со болен пораз.

Осака водеше со 5:2 и 30:0 во третиот и одлучувачки сет, потоа не искористи и меч топка, за на крајот Ига да направи неверојатен пресврт и да слави со 7:5 во решавачкиот сет.

Претходно, првиот сет и припадна на полската тенисерка со 7:6, додека Осака беше убедлива во вториот со 6:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни