Поврзете се со нас

Македонија

Струга го реши најважното прашање: Османи ќе го води старо-новиот македонски шампион

Објавено

на

Foto:facebook.com/Fcstruga

Струга го отпушти Шпетим Дуро на три кола пред крајот на првенство и тоа беше навистина чудна одлука во тежок период, но на крајот актуелниот македонски шампион успеа да ја одбрани титулата и да стигне до втор трофеј во низа.

Меритон Гега заврши извонредна работа и дерби победата против Шкендија практично донесе нова титула за Струга, но клубот со кој раководи фирмата Трим и Лум денеска информираше дека долгорочно решение ќе биде далеку поискусен стручњак.

Старо-новиот македонски шампион ќе има европски предизвици на стартот на ова лето, а тренер на тимот ќе биде Ќатип Османи.

Османи е навистина добро познато име во мак-фудбалот и претходно успешно ги водеше екипите на Шкендија, Ренова и Шкупи, а последно работеше во Влазнија пред да ја прифати понудата на Струга.

– По неколкудневните разговори со челниците на клубот, решив да кажам „Да“ на Струга Трим Лум, екипа која веќе се докажа, особено по тие две шампионски титули. Причината поради која прифатив да го водам тимот е пред се сериозноста на клупските челници кон работата, но и клупските амбиции и професионалноста која владее, – – изјави новиот тренер на Струга.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни