Поврзете се со нас

Европски првенства

Суперкомпјутер предвиде кој ќе го освои ЕП (ФОТО)

Објавено

на

Фото:twitter.com/EURO2024

Од 14 јуни до 14 јули се игра 17. Европско фудбалско првенство на кое домаќин ќе биде Германија.

Ова ќе биде еден од настаните кој ќе го одбележи спортското лето, настан број еден кога е во прашање фудбалот без разлика на тоа што на другата страна на светот ќе се игра Копа Америка.

Италија ќе ја има улогата на бранител на трофејот, но ќе биде доста тешко за „аѕурите“ да останат на врвот затоа што има многу квалитетни селекции со позвучни, поквалитетни имиња на хартија, меѓутоа теренот е тој што ќе ги даде сите одговори.

Повеќе од јасно е дека не очекува интересен турнир, а како загревање за тоа суперкомпјутер извади прогноза за тоа која селекција е најблиску до титулата. Најголеми шанси да бидат прваци имаат Англичаните со 19 проценти, додека зад нив веднаш се Французите кои имаат 18 проценти да бидат шампиони.

Останатите селекции со +10 проценти се домаќинот Германија, Шпанија и Португалија предводена од ветеранот Кристијано Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни